Скандал во НБА лигата! Пијани навивачи ја пцуеја мајката на Дурент, тој не им остана должен: Обезбедувањето мораше да реагира! (видео)

Голем скандал се случи пред натпреварот помеѓу Далас Маверикс и Феникс Санс во НБА лигата . Далас победи со 123:113, а пијаните навивачи го нападнаа Кевин Дурент.

Тоа се случи кога играчите излегоа на теренот, кога маж и жена насилно ја пцуеја мајката на Кевин Дурент.

И двајцата беа видно алкохолизирани и очекуваа дека суперѕвездата нема да се сврти кон нив, но се случи нешто сосема спротивно! Дурент реши да им објасни на фановите, па мораше да реагира и обезбедувањето.

Видно вознемирениот Американец очигледно ја исплашил оваа двојка, која веднаш заминала во мисија за извинување, па Дурант по убедување побарал од обезбедувањето да ги остави споменатите навивачи во салата.