СКАНДАЛ ВО РЕЖИJA НА СРЃАН ЃОКОВИЌ: Од Австралија “испраќаше” пораки со поддршка за Путин и Русија, Новак во големи проблеми (ВИДЕО)
Главна тема на Австралија опен не е тенисот – туку фотографијата на таткото на Новак Ѓоковиќ со руски навивачи од кои еден на неговата маица ја имаше буквата “Z” додека во рацете држи руско знаме со слика на Владимир Путин.
Како што објави “Гардијан”, како и водечките истакнати тениски новинари од американско тло кои се влијателни на Твитер, таткото на најдобриот српски тенисер се фотографирал со човек кој ги поддржува Русија и Владимир Путин.
На видеото всушност се гледа како Срѓан Ѓоковиќ се согласува да се фотографира со човек на кој на кошулата му е испишана буквата “Z” и држи руско знаме со слика на првиот човек на Русија, Владимир Путин ( а исто така извикува: да живее Русите).
Поради сите овие случувања, Тенис Австралија се огласи и ги предупреди играчите за нивното однесување:
“Мала група луѓе покажаа несоодветни знамиња и симболи и се заканија на безбедноста по натпреварот во средата навечер. Тие се отстранети. Играчите и нивните тимови се информирани за знамињата и симболите за да се избегне каква било вознемирувачка ситуација. Продолжуваме тесно да соработуваме со безбедносните агенции и агенциите за спроведување на законо”, се вели во соопштението.
За, нешто што всушност треба да биде на почетокот – ваквите непромислени потези се тотално непотребни за Новак и во вакви важни моменти можат само да му наштетат! Човекот е на една победи од историјата на светскиот спорт и дефинитивно не му треба вакво нешто.
Сега наместо да зборува за тенис, Новак беше нападнат од западните медиуми, кои ќе бараат од него да зборува за сето ова на следните конференции…