Скандал во Серија А: Натпреварот прекинат поради расизам – голманот го напушти теренот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Удинезе и Милан беше прекинат бидејќи голманот на гостинската екипа Мајк Манјан го напушти теренот поради расистички навреди од трибините.

Судијата реши привремено да го прекине натпреварот по 30 минути игра, а бидејќи во меѓувреме фудбалерот се врати на теренот, натпреварот продолжи.

Судијата Фабио Марсеска не реагираше на расистичките извици кои се слушаа од трибините, па Манјан реши да го напушти теренот за да види дали судијата ќе направи нешто.

Голманот во оваа намера доби поддршка од неколку соиграчи, па судијата му пријде на делегатот кој преку разглас ги предупреди навивачите на Удинезе дека натпреварот ќе биде прекинат доколку продолжат навредите. Дури тогаш чуварот на мрежата на гостинскиот тим реши да се врати меѓу стативите и натпреварот продолжи.