СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА, Уапсен тренерот на ПСЖ! Обвинет за расизам – излезе СРАМЕН мејл во кој ги навредува играчите!
Иако сите се убедени дека наредната сезона нема да го води тимот, Кристоф Галтие се уште е тренер на Пари Сен Жермен, а утрово заедно со својот син бил приведен на распит во полиција.
Уште во април, Галтие беше обвинет дека упатувал дискриминирачки, расистички и исламофобични пораки во периодот додека бил тренер на Ница.
Веднаш Галтие уште на прес-конференциите во текот на сезоната пред новинарите ги демантиршае таквите обвинувања, меѓутоа полицијата очигледно пронашла доволно докази за да го повика на разговор.
Галтие е повикан заедно со својот син да дадат изјава за обвинувањата со кои се соочуваат, а полицијата во наредните 24 часа треба да одлучи дали ќе го ослободи или ќе го држи во притвор.