Скандал во Црна Гора! Пред дискотека извикуваа: ,,Срби, да ви еб*** мајката, вам и на УЧК” – Нема одговор од надлежните (видео)

Застрашувачко видео со говор на омраза пристигнува од Црна Гора, од Улцињ. За време на прославата во една дискотека, група млади момчиња снимиле видео на Тикток во кое ја пцујат по Србите и ја прозиваат УЧК – формација која зад себе ја остави „Жолтата куќа“ каде што биле вадени органи од живи луѓе и чии членови беа обвинети за масовни злосторства, силувања и убиства!

Како што пренесува порталот In4s, надлежните државни органи сè уште се немаат огласено по овој сканфал.

– Очекуваме реакцијата на оние кои се засегнати со ова а тоа се извршната власт, политичките организации за кои гласаат Србите, организациите кои се занимаваат со промоција на српските национални вредности и оние Албанци кои не поддржуваат ваков вид на однесување. Во овие моменти на апсолутна дискриминација и навреди кон српскиот народ, мора сите да застанат обединети за да се спречи мутација на расистичката политика во срцето на Европа. Вакво нешто не може да се толерира. Прославата е антисрпската и го крши Уставот, законите и сите повелби за човекови права, отпаднички заедници и етнички групи – наведува порталот.