СКАНДАЛ ГО ‘ТРЕСЕ’ БРИСЕЛ! Полиција влезе во седиштето на Европската народна партија: Одземени компјутери од првиот и третиот кат на зградата
Полицијата во Белгија изврши претрес во седиштето на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, потврдил неименуван извор за EuroActiv.
„Белгиски полицајци упаднаа на првиот и третиот кат од седиштето на партијата во Rue du Commerce“, изјавил неименуваниот извор.
Според првичните информации, полицијата ги запленила компјутерите како дел од тековната истрага за наводна корупција за време на изборната кампања за изборите за Европската унија во 2019 година.
Како што објавија европските медиуми, пратеникот на ЦДУ Марио Фојгт бил одговорно лице на дигиталната кампања на функционерот на ЕПП Манфред Вебер за време на изборната кампања за Европскиот парламент во 2019 година, а истражните дејствија се насочени кон доделување договор за дигитална кампања на компанија во Tiringi.
Марио Војгт сега е првиот човек на ЦДУ во германската покраина Тирингија.
Минатиот септември, комисијата за правда на покраинскиот парламент му го укина имунитетот во очекување на истрага од германскиот јавен обвинител, но не е сосема јасно дали тоа е поврзано со овој случај. Засега тамошните власти не соопштуваат повеќе детали за настанот.