ФОТОГАЛЕРИЈА | Финска и официјално стана 31. членка на НАТО!

Финска официјално стана 31. членка на НАТО во вторникот, откако американскиот државен секретар Eнтони Блинкен, чија земја е депозитар на Вашингтонскиот договор, ги презеде сите документи за ратификација на членството на Финска во пактот.

Со приемот на овие документи, Финска ја прогласуваме за 31. членка на Алијансата“, изјави Блинкен на церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел.

Пека Хаависто, Јенс Столтенберг и Ентони Блинкен
Пека Хаависто, Јенс Столтенберг и Ентони Блинкен

Со влегувањето на Финска во Алијансата, НАТО приближно ја удвои границата со Русија.

Денеска Финска ќе стане четвртата нордиска земја која ќе се приклучи на одбранбениот пакт, со што руската граница ќе граничи за повеќе од 1.200 километри со НАТО пактот.

Русија го наведе проширувањето на НАТО како едно од нејзините оправдувања за инвазијата на Украина, но токму тоа ја натера Финска да се откаже од долгогодишното воено неврзување односно неутралност и да побара заштита според петтата клаузула на НАТО: Напад врз една членка се смета за напад врз сите.

Пека Хаависто, Јенс Столтенберг и Ентони Блинкен

Финска, која во вторник станува 31. членка на НАТО, одлучува дали војниците од другите членки на Алијансата ќе бидат распоредени на нејзина територија и без нејзина согласност тие не можат да бидат распоредени“, изјави во вторникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Одлуката е на Финска, не може да има присуство на војници од другите членки на НАТО без нејзина согласност“, тврди Столтенберг.

Столтенберг кажа дека во досегашните разговори со Финска оваа тема не била разгледувана, но додаде дека во многу земји членки НАТО одржува вежби, особено каде што има воздушно и поморско присуство и без постоење на постојани бази.

Во последните години, поради агресивното однесување на Русија, НАТО го зголеми своето присуство на источното крило.

Тој посочи дека приемот на Финска на НАТО му носи значителни воени капацитети и сили, како и силна одбранбена индустрија.