Поранешната Плејбој зајачица и холивудска ѕвезда доаѓа во Србија да глуми во новото продолжение на хит-филмот ‘Јужен ветер’ !?

Поранешната голема ѕвезда на ХоливудПамела Андерсон ќе глуми во третиот дел од хит-серијата „Јужен ветер“, пишува српскиот весник Курир

Според се уште непотврдени информации, поранешната Плејбој зајачица ќе ја засили веќе докажаната екипа, а по завршувањето на истоимената серија, летото оваа година ќе започне снимањето на третото филмско продолжение.

Учеството на Памела во проектот не е изненадување, со оглед на тоа што таа ја има устата улога како и двајцата Американци кои веќе се појавија во серијата – Вилијам Болдвин и Ерик Робертс“, пишува споменатиот весник.

Имено, станува збор за ноторна епизода во серијата по која протестираа бројни еколошки организации во Србија, сметајќи дека тоа е пропаганда и гнасна кампања зад која стојат луѓе од власта и промотори на компанијата Рио Тинто.

Памела Андерсон

Во таа епизода двајцата гореспоменати актери играат Американци кои им носат „кеш“ на политичарите од „Зелената партија“ во Србија, кои за парите имаат задача да ја „запалат“ масата да излезе на улица и на тој начин да спречат некоја деловна зделка.

Истиот извор за весникот наведува дека дејството на филмот ќе биде поместено надвор од границите на Србија, а за ангажман на светски познати ѕвезди потребно е да се издвои цифра од 50.000 до 1 милион евра, со оглед на тоа дело се договара со нив неделно снимање. Во цената треба да бидат вклучени 5 дена снимање, проби на костими и прес-конференции.

Наводно, цената на учеството на Памела не треба да биде повисока од 100.000 евра неделно.

Точно е дека во филмот ќе има голема ѕвезда. Не сакаме да го објавиме нејзиното име додека не започне снимањето“, изјавил за српски Курир продуцентката Татјана Жежељ Гојковиќ.