Скандал на Ролан Гарос! Белорусинката чекаше да се ракува со нејзиниот ривал… А потоа следуваше шокантен потег на Украинката (ВИДЕО)

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос во Париз, откако по два сета со 6:4, 6:4 ја совлада 192. тенисерка во светот, Украинката Елина Свитолина.

Втората тенисерка во светот победи по еден час и 38 минути, но мечот остана во сенка по скандалот што се случи.

Белорусинката на крајот од мечот по традиција чекаше Свитолина да се ракува покрај мрежата, но Украинката не сакаше да го направи тоа, па доби свирежи од трибините.

Навистина неверојатен потег. Спортот е средство за зближување на луѓето и испраќање пораки за мир, а не вакво нешто…

Инаку, Сабаленка, која го постигна најголемиот успех кога е во прашање Ролан Гарос, во полуфиналето ќе игра против 43. тенисерка во светот, Чехинката Каролина Мухова.

Претходно денеска Мухова ја совлада Русинката Анастасија Пављученкова со 7:5, 6:2.