Скандал! На семафорот пред мечот го истакнаа ликот на Адолф Хитлер, па горко се покајаа! Планетата е згрозена! (фото)
Глобален скандал ги тресе САД.
Сликата на лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, се појави на семафорот пред натпреварот на Универзитетската фудбалска лига помеѓу Стејт Мичиген и Мичиген Вулверинс.
Сите на стадионот со неверување ги триеја очите бидејќи и во најлудите соништа не можеле да замислат дека ќе ја видат фигурата на Хитлер на стадионот, а сето тоа се случило поради наивен пропуст од организаторите.
Причината за појавувањето на Хитлер на екранот беше поврзана со квиз со кој се забавуваат навивачите пред почетокот на натпреварот. Едно од прашањата беше во која земја е роден Адолф Хитлер, а кога како одговор беше прикажана Австрија, се појави негов портрет кој ја згрози планетата.
Одговорните лица горко се покајаа за оваа грешка и веднаш беа суспендирани, но грдата слика веќе се појави на социјалните мрежи и овој настан дефинитивно ќе остане запаметен во историјата на Државниот универзитет во Мичиген.