„Станија доби 30.000 евра за да биде во врска со Асмин“: Шокантно разоткривање на старлетата?

Иван Маринковиќ ја коментираше врската помеѓу старлетата Станија Добројевиќ и Асмин Дурџиќ и изнесе шокантни тврдења.

Имено, Иван гостуваше во емисијата „Прашања на новинарите“ и ја коментираше врската на Анели, Станија и Асмин.

– Слушнав дека Станија добила паричен надомест за да биде со него, поточно 30 илјади евра. Еве едно едноставно прашање: Од што живее Станија? – праша Иван.

– Па, таа има свој бизнис со козметика – додаде Дарко Танасијевиќ.

– Па, тоа е непристојна понуда според мене – рече Иван.

– Па, тој и’ купи лажни очила, да не зборуваме за тоа дека отишол во Мајами да пие кафе со неа, па не сме наивни – рече Иван.

Да потсетиме, Асмин Дурџиќ и Станија Добројевиќ со недели се главна тема во јавноста. Откако Станија го остави поради низата лаги и нелогичности што и’ ги кажа за врската со поранешната Анели Ахмиќ, Асмин неуморно работеше за да ја врати нејзината доверба.