Скандал на стадионот на Партизан: Група хулигани ги искршија катанците и фрлиле нафтени дерифати и киселина на теренот каде треба да се игра вечното дерби со Црвена Звезда (Фото)
Во Партизан нема мир пред денешното вечно дерби со Црвена Звезда. Кога сите навивачки групи требаше да му дадат поддршка на тимот против најголемиот ривал, ден пред најважниот меч во српскиот фудбал, вработените кои работеа на одржување на теренот во Хумска наидоа на шокантна глетка. Во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, група хулигани ги пробиле бравите на црно-белиот стадион, влегле и ја уништиле тревната површина, доведувајќи го во прашање одигрувањето на денешниот натпревар.
Вработените од одржувањето веднаш ги известиле сите клупски служби кои повикале полиција и се очекува дополнителна истрага во текот на денот.
Се гледаат снимки од безбедносните камери за да се откријат сторителите на ова дело.
Сите во клубот се надеваат дека надлежните брзо ќе ги најдат одговорните и дека во иднина ќе се спречат вакви инциденти.
“Како што може да се види од приложените фотографии, деликвентите кршеле пивски шишиња и расфрлале огромно количество стакло низ целиот терен. Дополнително, теренот, кој е еден од најмодерните хибридни терени, кој ФК Партизан го изгради минатата година со помош на УЕФА и ФСС, беше уништен со истурање и палење нафтени деривати на целата површина на теренот”, се наведува во соопштението на ФК Партизан.