“СКАНДАЛ ПО СКАНДАЛ…“ – Се снима филм за дивиот живот на иконата од 90-тите години: Вклучува контроверзии, секс по телефон и 63 години постар сопруг

Претстојниот биографски филм за манекенката и актерка Ана Никол Смит ќе раскаже се за дивиот живот на иконата од деведесеттите години, а треба да вклучи и сцена каде Ана и нејзиниот геј пријател водат љубов преку телефон.

Што се однесува до снимањето, нејзините двајца блиски пријатели, ѕвездите на реалното шоу „Gown and Out In Beverly Hills“, Пол Атеу и Патрик Симпсон, го надгледуваат сценариото.

Ана Никол Смит

Тие велат дека нема да се воздржат и дека споменатиот филм за покојната заштитна девојка на Плејбој ќе биде исполнет со контроверзии, за да му покаже на светот каква била таа навистина.

Патрик ексклузивно изјави за магазинот The Sun откри дека филмот ќе ги разоткрие тврдењата дека таа била т.н „златен копач“, или спонзор и ќе покаже како нејзиниот 89-годишен сопруг милијардерот Џеј Хауард Маршал бил нејзината „вистинска љубов“. Тој исто така кажа дека моментално го прикажуваат филмот на големите ѕвезди, вклучувајќи ги Лили Џејмс и Ендрју Гарфилд.

Ќе ви кажам дека една од клучните сцени во нашиот филм ќе биде телефонскиот секс помеѓу мене и Ана Никол“, изјавил 54-годишниот дизајнер, додавајќи дека Ана Никол, која рано починала, имала „безобразен живот“.

Живееше онака како што сакаше да живее. Не и беше грижа што некој ќе каже или мисли“, објаснил Патрик Симпсон за магазинот.

Засега, Пол и Патрик речиси го завршија сценариото, според нивните мемоари за актерката наречени – „Портрет на иконата“.

Да потсетиме, таа почина на 39-годишна возраст од труење со комбинација на различни лекови во 2007 година, во казино во Холивуд. Судскиот доктор открил дека лекот за спиење „хлорал хидрат“ е главната компонента одговорна за смртта. Креативното дуо зад филмот истакна дека „тој навистина ќе ја отвори вратата и ќе му покаже на светот што навистина била Ана Никол“.

Ана Никол Смит

Нејзината најголема контроверзност се случи во 1994 година кога се омажи за нафтениот магнат Маршал, а таа тогаш имаше 26 години, а тој 89 години.

Таа беше тужена од семејството на Маршал за да ја спречат да наследи голем дел од неговото богатство, откако тој почина набрзо по свадбата. Бранејќи ја својата пријателка, Патрик кажа: „Ана Никол имаше една вистинска љубов, а тоа беше Маршал, верувале или не“.

Ми го кажа ова многу пати и имавме многу длабоки разговори на таа тема, но една од работите што ми ја кажа повеќе пати беше дека тој беше единствениот кој вистински ја сакаше безусловно. И затоа таа го сакаше назад. Па не ѝ било грижа дали има 90 години. Апсолутно го сакаше, иако сите мислеа дека е само поради парите. Беше независна, силна деловна жена и многу паметна, а во медиумите се правеше глупава. Знаеше што прави“, изјавил Патрик.