Скандал ја тресе Англија! Ѕвездата на Јунајтед на тежок удар: Пиел 12 часа, се онесвестил од алкохол а на клубот му рекол дека е болен (фото)

Ерик тен Хаг ќе „полуди“ од своите фудбалери. Го мачеа Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо од кои успеа да се ослободи во последната година, а сега нов проблем е Маркус Рашфорд. Еден од најплатените играчи на тимот минатата недела предизвика скандал затоа што отишол на целодневна забава во Белфаст, каде се „давел“ во текила цели 12 часа, а потоа, според извештаите на таблоидот „Сан“, пристигнал во сместувањето во три часот наутро и буквално се онесвестил од алкохол. Потоа наутро му се јавил на Ерик тен Хаг и му рекол дека му е лошо и дека поради тоа ќе го пропушти тренингот.

Истата вечер, фудбалерот бил виден како се расправа и со девојка од Франција, која го обвинила дека вечерта се бакнувал со друга девојка а тоа не им побегнало на англиските медиуми – ниту Манчестер Јунајтед. Поради ова, тој беше исфрлен од тимот за натпреварот против Њупорт Каунти, а Тен Хаг иако сакаше сè да прикрие – нема да успее во тоа.

„Пријави дека е болен, нема да коментирам други работи, тоа е наша внатрешна работа, јас ќе се погрижам“, изјави Ерик тен Хаг, кој би можел да го казни својот фудбалер за кој зборува цела Англија.

Рашфорд (26) оваа сезона игра многу лошо за Манчестер Јунајтед и на 26 натпревари забележа четири гола и шест асистенции, а сигурно е дека пиењето во Белфаст нема да му помогне во остатокот од сезоната. Следниот меч на Јунајтед е на 1 февруари против Вулверхемптон и останува да се види дали Рашфорд ќе биде во тимот.