Скариоло нов тренер на кошаркарите на Реал

 Италијанскиот стратег Серџо Скариоло ќе биде нив тренер на кошаркарите на мадридски Реал, објави денеска порталот Баскетњуз.

Скариоло во моментов е тренер на италијанскиот прволигаш Виртус со кој не успеа оваа сезона да се пласира во Топ 8 во Евролигата.

Реал лани ја раскина соработката со Пабло Ласо поради здравствени проблеми и на негово место седна долгогодишниот асистент Чус Матео.

Според Баскетњуз, Реал и Скариоло преговараат околу условите за соработката која наскоро ќе биде официјализирана.