„ЛЕКАРИТЕ МИ РЕКОА ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ДА ПРООДАМ“ Имал тешка несреќа, прогнозите не биле добри, а ДЕНЕС Е ТРЕНЕР и им помага на другите (ВИДЕО)

Мајк рече дека најмногу им е благодарен на пријателите и семејството што му помогнале да се рехабилитира по несреќата.

На 30-годишен маж животот му се променил за секунда кога пред четири години паднал од мотор и во таа прилика останал неподвижен. И покрај тоа што лекарите му кажале дека никогаш повеќе нема да може да оди, тој си поставил за цел повторно да застане на нозе и да се обиде да оди. И успеа во тоа.

Имено, Мајк Њуман (30) од Хемпшир , Англија, паднал од мотор во јуни 2019 година, а поради повредите лекарите му рекле дека никогаш повеќе нема да може да застане на свои нозе. Решен да не го поколебаат зборовите на докторот, денес важи за вистинско медицинско чудо.

– Бев на патеката и наеднаш удрив во карпа. Ударот ме исфрли и паднав на грб. Се обидов да станам, но не можев да се движам. Ме однесоа во болница со хеликоптер и ми ставија метални шипки во грбот. Воопшто не ги чувствував нозете, а тоа влијаеше на се останато, па долго време користев катетер. Нозете едноставно ми се „овенаа“, воопшто не ги чувствував, а кога се врати чувството беше неверојатно слабо, речиси безживотно – се присетува Мајк.

Помина шест месеци во болница, а и во најтешките моменти не губеше надеж дека еден ден повторно ќе прооди.

– Можеби никогаш нема да се вратам на 100 проценти и сепак и да ми треба инвалидска количка кога ќе се изморам, но многу сум горд на себе – вели Мајк.

Според него, закрепнувањето се одвивало добро додека не дојде пандемијата на корона вирусот, а потоа сè запре.

-Тоа време го поминав шетајќи низ куќата со стоечка рамка, патерици и инвалидска количка. Користењето на помагалото беше навистина чудно искуство бидејќи некое време не чувствував ништо во нозете, па морав само да ги влечкам стапалата и да се потпрам на силата на горниот дел од телото – се присетува овој човек.

За среќа, мерките и ограничувањата поради корона вирусот се олеснија, а Мајк отиде во теретана.

– Редовно тренирав и чувството во нозете почна да ми се враќа. Иако чувството се врати на едната нога многу пред другата, губев рамнотежа, но не се откажував – вели тој.

После неколкумесечни тренинзи, Мајк реши да оди на обука за личен тренер и прв го заврши овој курс во инвалидска количка. Сега се надева дека ќе може да го искористи своето искуство за да им помогне на другите кои се во иста или слична ситуација.

-Кога бев на рехабилитација видов разни случаи. Имаше еден човек кој беше на работ да се откаже бидејќи мислеше дека никогаш нема да оди. Решив да се спријателам со него, па го однесов во теретана и почнав да вежбам со него. „Неодамна ми испрати видео од него како се качува по скалите за прв пат и ми ја даде потребната инспирација “, рече Мајк.

Мајк рече дека најмногу им е благодарен на пријателите и семејството што му помогнале да се рехабилитира по несреќата.

– Мојата партнерка Ема Џејн е голема поддршка. Таа ме тера да ги поместувам границите. Неодамна за прв пат танцував со неа, што беше неверојатно и бидејќи е инструкторка за танц на шипка, дури и ме натера да го пробам. Исто така, моето семејство и пријателите го направија тој многу тежок и изолиран период во мојот живот, испадна како еден од најпрогресивните и најпредизвикувачките периоди од кои излегов десет пати подобар – признава Мајк.