Избори во Туркије: Инџе се повлече од трката за претседателски избори

Кандидатот на партијата Мемлекет, Мухарем Инџе, беше противкандидат на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите во 2018 година

Кандидатот на партијата Мемлекет, Мухарем Инџе, неочекувано ја повлече својата кандидатура од претседателските избори, со што останаа тројца кандидати кои ќе учествуваат на изборите во Туркије на 14 мај.

Инџе (58) беше поразениот кандидат на претседателските избори во 2018 година, на кои претседателот Реџеп Таип Ердоган победи со 53 отсто освоени гласови. Инџе тогаш освои нешто повеќе од 30 отсто од гласовите.

Инџе, кој го објави ова во главниот град Анкара, не даде никаква причина за својата одлука да се повлече од трката.

Сепак, тој беше под притисок од главната опозициска коалиција ЏХП, која го обвини дека ги поделил опозициските гласови со неговото учество на изворите. Меѓутоа, кандидатите од неговата партијата Мемлекет ќе се натпреваруваат на парламентарните избори како што е најавено.

Инџе беше меѓу четворицата претседателски кандидати заедно со актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган на изборите во земјата закажани за 14 мај, во недела.

TRT Балкан