Скопскиот аеродром е петти во регионот по број на патници

Минатата година Меѓународниот аеродром Скопје регистрирал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најфреквентен во регионот, пренесува Телеграф Македонија.

Од аеродромите во земјите од регионот, аеродромот во Белград имал најмногу патници во 2023 година со 7,95 милиони патници, втор е тој во Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони. Четврти по бројот на патници е аеродромот во Сплит со 3,59 милиони патници, пренесува специјализираниот сајт за воздухопловство „Exyuaviation“.

Во 2023 година Скопје за прв пат го престигна традиционално најфреквентниот аеродром во Дубровник.

Споредено со периодот пред Ковид (2019), белградскиот аеродром регистрирал 1,8 милиони патници повеќе, Приштина милион и Скопје 400 илјади дополнителни патници.

Лани најмногу патници летале со авиокомпанијата „Виз-Ер“ (5,9 милиони), што е за 1,8 милиони повеќе во споредба со 2019 година