Скопски аеродром: Од денеска патниците мора да се појават три часа пред летот

Од денеска до крајот на ноември, патниците кои ќе користат авио услуги на Меѓународниот аеродром Скопје мора да пристигнат три часа пред летот.

„ТАВ Македонија“ во петокот информираше дека авиокомпанијата ќе го подобри системот за багаж.

„Почнувајќи од 9 октомври (понеделник) до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе се подобри системот за манипулација со багажот.

Затоа, ги повикуваме сите кои ќе патуваат низ Меѓународниот аеродром Скопје во наведениот временски период да пристигнат на аеродромот, поточно на шалтерите за пријавување на патници и багаж, три часа пред закажаното време на поаѓање на вашиот лет.“ се наведува во соопштението на скопски аеродром.