Тажна судбина е отпеана во песната која сите ја знаеме: Весна Змијанац ја испеа најтажната балада: На пат кон … (фото)

Весна Змијанац важи за пејачка која има голем број балади кои со децении се пеат и кои сите добро ги знаеме.

Многу песни се создадени од вистински приказни, а една од нив е токму песната што ја отпеа Змијанац.

Песната „Ćiji ono svatovi“ која ја испеа Весна се вели дека е инспирирана од трагедијата што го снашла еден пар. Невестата, која била бремена, и младоженецот тргнаа на проба за венчавка. За жал доживеаја сообраќајна несреќа во која загинаа, а песната им е посветена токму на нив.

Да потсетиме, песната на Индира Радиќ ја опева тажната судбина на двајца млади луѓе, кои планирале свадба, но на девојката и се влошила состојбата (веќе била болна) и во болничкиот кревет при крајот ја напишала песната „Zmaј“ која стигна до Марина Туцаковиќ и потоа Индира ја отпеа.

Момчето и девојката се запознале и се заљубиле уште во средно училиште. Десет години врска резултирала со свадба. Но, девојката потоа дознава дека има рак на панкреасот во напредна фаза. Свадбата беше прекината, а таа му напиша писмо на своето момче во болница (од збор до збор оваа песна е вистинита) и го замоли да го прочита кога ќе умре. Меѓутоа, истата вечер се опил и го отворил писмото. Утрото кога дошол во болница, таа починала. Дечкото го чувал писмото цели 15 години, по што решил да и’ го продаде на Марина Туцаковиќ.