На натпревар на средношколци во САД од огнено оружје повредени 4 лица

– Четири лица се повредени од огнено оружје за време на фудбалски натпревар на средни училишта синоќа во Оклахома, соопштија американските власти.

По добиената пријава за пукотници на натпревар во Чокто меѓу „Choctaw High School“ и „Del City High School“ околу 22:30 часот по локално време, полицијата пристигнала на местото на настанот, изјави шефицата на полицијата Кели Маршал.

Жртвите со прострелни рани се префрлени во болница.

Најмалку еден од повредените е ученик, рече Маршал.

Бројката на можни учесници во престрелката не е познат, соопшти Маршал.

Лојд Бергер, шеф на полицијата на Дел Сити, изјави дека нивните службеници, кои не биле на должност, биле на натпреварот и го обезбедувале настанот.

Еден од нив пукал, но не е повреден.

„Полицаец на Дел Сити бил вклучен во престрелката“, изјави Бергер и додаде дека канцеларијата на окружниот шериф на Оклахома ќе ја истражи вмешаноста на полицаецот во настанот.