СКОПЈЕ ТРЕТ НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО ЕВРОПА – Главниот град продолжува да се “гуши“

Главниот град на државата и оваа година се „гуши“ во загаден воздух. Скопје повторно е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот, а ова прашање останува како рак рана за опшеството за кое властите немаат одговор.

Скопје се најде на 21. место на листата на големи светски метрополи и главни градови во светот според загаденоста на воздухот. Тоа е пад за 15-тина места по таа листа на специјализираната интернет страница IQAir во однос на вчера кога главниот град беше меѓу првите 10 најзагадени градови во светот.

Сепак Скопје е трет најзагаден град во Европа, по Варшава и Вроцлав во Полска. Освен во Скопје енормна загаденост претходната вечер беше регистрирана и во Струмица.

Според достапните податоци кои ги прибира специјализираната интернет страницата, особено е опасно што постојано во Скопје е висока концентрацијата на најопасните и најканцерогени честички ПМ 2,5.