„Продавам стан од 69 м2 за 150.000 евра во Капиштец, реновиран, со мебел“. Уште еден стан од 80м2 во близина на Сити Мол се продава за 140.000 евра и за оваа цена имате една спална соба, паркинг пред зграда и прекрасен поглед бидејќи станот е на осми кат. Близу 2200 евра е цената на еден квадрат за нова зграда што ќе се изгради за две години во централниот дел на Скопје.
Скопје, 2.200 евра квадрат! Има ли крај на поскапувањето на становите?
Во исто време, се зголемија и цените за изнајмување на станбени простори. Стар стан во Центар чини 400 евра еднособен, а 500 евра двособен. Во близина на Клинички центар киријата на стан од 40 м2 е 250 евра, додека стан со луксузен мебел од околу 50 м2 чини 600 евра.
Годинава цените на становите бележат континуиран пораст и тоа го покажуваат податоците на Народна банка. На крајот на третиот квартал, на 30 септември, цените се зголемија за 11% на годишна основа, односно за 2,9% повеќе во однос на вториот квартал.
„Анализата на динамиката покажува забрзување на растот во текот на годината, така што просечната годишна стапка се зголеми од 14,4% во првата половина од годината и на 20,9% во втората половина од годината. Од крајот на 2022 година, растот на цените на становите почна да забавува, што продолжи и во првата половина на 2023 година, иако се уште е на повисоко ниво (12,9% во вториот квартал од 2023 година)“, велат од Народна банка.
Експертите сметаат дека по пандемијата на коронавирус има зголемување на побарувачката, што заедно со неизвесноста предизвикана од војната во Украина и зголемувањето на цените на материјалите, особено на железото, предизвика вртоглаво раст на цените.
Пазарот на недвижности се очекува да се стабилизира во наредната година бидејќи побарувачката е намалена, а понудата речиси двојно се зголеми.
„Понудата за нови станови продолжува да расте поради зголемениот број згради што се градат. Во првите три квартети во 2022 година просечната понуда на станови достигна 25.901 станбена единица, што претставува зголемување од 13,9 отсто во однос на истиот период лани“, посочуваат од Народна банка.
Последниот попис покажа дека од вкупно 839.000 станови, 63,4% биле населени. Од 243.000 станови во Скопје, матичарите забележале дека 70.000 се празни.