СКОРО ДВЕ ГОДИНИ ВОЈНА – Њујорк Тајмс: „Путин покажува подготвеност да ја запре агресијата против Украина„
Американскиот весник Њујорк тајмс објави дека рускиот претседател Владимир Путин изразува подготвеност преку дипломатски канали да разговара за прекин на речиси двегодишната агресија врз Украина.
Според овој весник, Путин покажува дека е подготвен за прекин на огнот, додека ги одржува територијалните линии кои се резултат на војната. Како извор на информацијата дека рускиот претседател е подготвен да стави крај на агресијата, се наведуваат двајца поранешни руски функционери блиски до Кремљ, американски и меѓународни претставници кои ја примиле пораката од пратеникот од Москва.
Весникот пишува дека американските власти добиле порака од Кремљ дека Русија е подготвена за примирје во септември минатата година, додека Украина ослободува делови од територијата на североистокот на земјата. Ова се пораки кои никогаш не биле пријавени. Според Њујорк Тајмс, Путин тогаш јасно ставил до знаење дека е задоволен од големината на територијата окупирана од неговата армија.
Тие го нарекоа интересот на Путин за прекин на огнот „пример за тоа како опортунизмот и импровизацијата го дефинираа неговиот пристап кон војна зад затворени врати“.
Повикувајќи се на интервјуа со Руси кои долго време го познаваат Путин и интервјуа со меѓународни претставници кои имаат увид во внатрешната работа на Кремљ, Њујорк Тајмс го опиша Путин како лидер кој „маневрира за да ги минимизира ризиците и да ги држи отворени сите опции“.
Сепак, поранешни руски функционери за овој американски весник изјавиле дека рускиот претседател би можел да се предомисли доколку руската армија го врати замавот на бојното поле.