Трајко Славески, поранешен министер за финансии, во емисијата 24 Хапур на ТВ 24 рече дека за да се затвори потребата од финансирање, морало да се издаде еврообврзницата. Јавниот долг е пет пати поголем од времето кога тој беше министер за финансии.
„Добар дел од буџетскиот дефицит кај нас се финансира и со странско задолжување, а секој буџетски дефицит го зголемува јавниот долг на државата. Можеби е подобро да се задолжувате на подолг рок, особено кога станува збор за отплата на стари долгови. Тоа е реструктуирање на долгот и ако го реструктуирате, тоа го олеснува товарот за отплата. До крајот на годината се очекува ново задолжување во странство доколку се реализира проектираниот буџетски дефицит од околу 700 милиони евра и во зависност од можностите за внатрешно задолжување кое станува се поскапо“, рече Славески.