Познатиот хрватски фудбалер Лука Модриќ минува низ исклучително тежок период во кариерата.
Во поразот во градското дерби од Атлетико Мадрид (3:1), Модриќ само вторпат сезонава беше стартер и не се прослави. Според мислењето на фудбалската јавност во Шпанија, тој беше еден од најлошите играчи на мадридското дерби.
Играше многу лошо и тренерот Карло Анчелоти го остави на клупата на полувремето. Искусниот ас доби многу критики за својата игра, а медиумите тврдат дека претседателот на клубот Флорентино Перез е бесен и не сака повеќе да го гледа во стартниот тим.
,,Перез е крајно незадоволен што Модриќ и Крос сè уште играат во средниот ред, особено на важните натпревари. Тој јасно му кажа на Анчелоти дека не сака повеќе да го гледа и побара млади играчи кои се скапо платени да бидат на теренот”. пренесува „Атлетик“.
Kога одби милиони од Саудиска Арабија и го продолжи договорот со Реал Мадрид, Модриќ се надеваше дека сепак ќе има важна улога во тимот, но неговиот статус е драстично променет и Хрватот е видно незадоволен.
Сезонава само два пати беше стартер, на другите натпревари влегуваше од клупата и не беше на своето препознатливо ниво.
Несомнено е дека неговиот статус во клубот дополнително ќе се влоши по барањата на првиот човек на Реал.