Славјанка Петровска: “Утре подготвително рочиште за судскиот спор, кој го иницирав против Ковачки“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека утре ќе се одржи подготвително рочиште за судскиот спор, кој го иницирала против Драган Ковачки.

Утре со почеток во 10:40 часот во Основен суд 1 ќе се одржи подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницирав против искажаните невистини на Драган Ковачки кон мене“, објави Славјанка Петровска на социјалната мрежа Фејсбук.

Таа вели дека сите лаги кои ги изнел Ковачки против неа ќе бидат разобличени.

Како што ветив ќе побарам судењето да биде транспарентно и јавно, а сите лаги кои Ковачки ги измисли против мене во изминатиот период, ќе бидат разобличени“, напиша Славјанка Петровска во објавата на Фејсбук.