,,Слези Курто да се качи Мурто!” Сте ја слушнале оваа изрека милион пати, а малкумина знаат дојде во нашиот јазик и за кои личности се работи (фото)
Богатството на јазикот на еден народ се одразува и во богатството на изреки, шеги, навреди, па дури и пцовки. Луѓето често слушаат различни изреки кои нè инспирираат, но многумина не се сигурни што тие всушност значат.
Нема човек кој не ја слушнал познатата „Слезе Курто да се качи Мурто” во безброј ситуации, особено кога соговорникот е изнервиран.
Што значи?
Нејзиното значење е поврзано со ситуацијата кога во општеството не се случува ништо што би укажало на промени или некакво подобрување, туку се излева од шуплината во празно.
Како настана изреката?
Оваа изрека е длабоко вкоренета во македонскиот јазик и се користи со векови.
Куртo (од турски курт – што значи волк) и Муртo (од името Мурад – посакуван или Муртизан – избран, задоволен) се препознатливи османлиски имиња.
Курто и Мурто не биле вистински ликови, туку биле избрани поради римата.
Така, Курто и Мурто станаа симбол на непроменливоста, прво во буквалното ропство на нашиот народ, а потоа и во различните облици на подреденост со кои ние како народ се соочувавме низ историјата.