Сликите од дворот на убиената Данка (2) ја распарчуваат душата: Раскопан двор, скршени играчки и шишиња… (фото)
Несреќното девојче Данка Илиќ (2) со мајка си Ивана и нејзиниот брат дошла во викендицата во Банско Поле на 26 март годинава.
Додека мајката се свртела да му даде вода на постарото дете, девојчето го напуштило дворот.
Ја удриле Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ во автомобилот на ЈКП „Водовод“ од Бор, на само 40 метри од куќата. Ним им е одредена мерка притвор до 30 дена.
Телото на девојчето не е пронајдено ниту две недели подоцна, а таткото на Дејан е осомничен дека им помагал на осомничените да го прикријат телото.
Пред само 15 дена Данка си играше во својот двор. Денес за тоа сведочат играчките во дворот. Повеќето од нив скршени. Во потрага по Данка, багерот ископал cè.
Соседите на семејството Илиќ веќе две недели се во шок.
Се плашат и да излезат надвор од дворот.
Велат дека сликата на детето постојано им е пред очи.
Од тој ден не се видени ниту таткото ниту мајката.