СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕНИК ВО МОСКВА? Направен е од српски скулптор, ќе биде висок ДВА МЕТРА, а во раката држи една работа (ФОТО)
Руските медиуми објавија дека на плоштадот Европа ќе биде поставен споменик на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.
Во последните денови руските медиуми ја објавија веста дека во Москва на плоштадот Европа, кој е во поширокиот центар на руската престолнина, ќе биде поставен споменик на покојниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Споменикот висок два метри го изработил српски скулптор Драган Раденовиќ, кој е препознаен и ценет во Русија бидејќи е член на Руската академија на уметностите.
Членовите на здружението „Слобода“, обожаватели на покојниот претседател, не успеале во намерата да ја постават скулптурата на Милошевиќ во Белград, па нивните руски пријатели ја прифатиле идејата. Угледниот московски професор д-р Марат Баширов рече дека Слободан Милошевиќ одамна предвидел и кажал што западот има намера да му направи на „остатокот од светот“, а тоа се гледа и од примерот на Украина.
Баширов им рече на руските новинари дека споменикот на Милошевиќ може да биде поставен токму на плоштадот во близина на киевската железничката станица во Москва, каде возовите за Белград доаѓаат и одат со децении.
Водачот на руските моторџии „Ноќни волци“, Александар Залдастанов, попознат како Хирургот, изјави дека се подготвени да помогнат во транспортот на скулптурата на Милошевиќ во Москва и нејзино поставување. „Ќе направиме се што е потребно споменикот да се транспортира и да се постави во Москва бидејќи Милошевиќ беше херој кој го даде животот за Србија“, рече Залдастанов.
Руските медиуми пишуваат дека пред две години имало иницијативи да се подигне споменик на Милошевиќ во Белград, но оваа идеја не се остварила. Во спротивно, властите во руската престолнина ќе го имаат последниот збор за местото каде што ќе биде поставен споменикот. Доколку навистина биде поставен на плоштадот на Европа, тоа ќе биде големо признание за покојниот српски претседател. Но, од амбасадата на Србија во Москва нема информации за поставувањето на споменикот.
Руската веб-страница „Цариград“ објави фотографија од скулптурата на Милошевиќ, на која, според идејата на скулпторот Драган Раденовиќ, во раката држи маска, базирана на лицето од сликата „Врисок“ на Едвард Мунк. Во текстот на оваа веб-страница се вели дека одбраната на Слободан Милошевиќ била предупредување за Русите, Белорусите и Украинците за дволичноста на Западот. Нагласено е дека споменикот на Милошевиќ во Москва би бил прв од ваков вид, бидејќи не постои ниту во земјата каде што тој е роден и каде што беше претседател. Се потсетува дека судскиот процес во Хаг не беше завршен бидејќи Милошевиќ почина во својата ќелија пред неговото завршување.