Словенечки хотел го продава креветот на кој спиел Кристијано Роналдо: Еве за колку може да биде ваш!

Хотелот Гранд Плаза во Љубљана реши да го продаде креветот во кој спиеше фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога одигра пријателски натпревар со Словенија со португалската репрезентација.

Хотелот одлучил, бидејќи многу фанови не успеале да стигнат до Роналдо и да добијат автограм или да се фотографираат, на крајот на месецот да лицитира кревет по почетна цена од 5.000 евра, а парите да ги донира во хуманитарни цели , пренесува порталот 24УР.

Преку фотографиите на сите фанови им се нуди поглед на собата во која престојуваше португалскиот фудбалер.

– На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на лицитацијата – објави порталот.

Порталот наведува и дека навивачите се обидувале да го следат Кристијано Роналдо на секој чекор, но фудбалерот успеал да ги избегне обидите да дојдат до него.

Навивачите го чекаа неколку часа на аеродромот во Брно, а потоа и пред хотелот Гранд Плаза, каде што престојуваше со португалската репрезентација.

Репрезентациите на Словенија и Португалија на 26 март одиграа пријателски натпревар кој Словенија го доби со 2:0.