Владата на Словенија на 9 мај покрена постапка за признавање на државата Палестина. Потоа најави дека одлуката ќе ја испрати до Народното собрание најдоцна до 13 јуни
Плановите на Владата на Словенија денеска да ја признае државата Палестина се одложени со предлогот за референдум поднесен од опозициската Словенечка демократска партија (СДС), пренесуваат словенечките медиуми.
Владата на Словенија на 9 мај покрена постапка за признавање на државата Палестина.
Според словенечките медиуми, Јанез Јанша, лидерот на СДС изјавил дека одлуката на владата да ја признае Палестина веќе и нанела долгорочна штета на Словенија, бидејќи, како што посочил, со тоа ја поддржува терористичката организација Хамас.
Проценките се дека предлогот на СДС најверојатно нема да има поддршка со оглед на силната мнозинска коалиција во Собранието.
Според Тања Фајон, министерка за надворешни работи овој потег на опозициската СДС не е искрен и го смета за обид да се направи заостанување на словенечкото општество.