Словенија протерува руски дипломат, му даде рок од седум дена да ја напушти земјата

– Словенија прогласи еден руски дипломат за „персона нон грата“ и му нареди да ја напушти земјата во рок од седум дена, соопшти денеска словенечкото Министерство за надворешни работи.

Словенија протерува руски дипломат поради „активности некомпатибилни со дипломатскиот статус“, објави Министерството. 

Повеќе детали за случајот не се објавени.

Словенија и Русија веќе го намалија бројот на вработени во нивните амбасади во Љубљана и Москва. 

И голем број други членки на ЕУ протераа руски дипломати откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Минатата година властите во Словенија уапсија двајца руски шпиони кои користеле агенција за недвижнини и антиквитети како фронт за нивните активности во алпската земја, пишуваат американските медиуми.