Причината за убиството на момчето (3) ќе ве изненади: Малечкото седело во автомобил, а потоа манијакиѕ почнал да пука во него (ВИДЕО)

Случајот што ги потресе Соединетите Американски Држави на крајот на 2016 година и денеска се раскажува. Имено, момче (3) е убиено во градот Литл Рок, Арканзас, САД , додека со баба му се наоѓало во автомобил во близина на трговски центар, кога непознат маж пукал во него.

Бабата возела, а во еден момент ја намалила брзината пред знакот „Стоп“ и таму застанала, пренесува „Вашингтон пост“.

Полицијата соопшти дека возачот најверојатно бил изнервиран од нејзиното бавно возење, наеднаш почнал да пука и го застрелал момчето, кое подоцна починало во болница.

Еден куршум го погодил несреќното момче во главата, а итните служби иако брзо пристигнале на лице место, не успеале да го одржат во живот додека не дојде во болница.

Убиецот е уапсен и се соочува со повеќегодишна затворска казна.