СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕ !? Португалија без Кристијано Роналдо постигна девет гола на натпреварот против Луксембург – што мислат соиграчите на фудбалската ѕвезда за ова ?

Репрезентацијата на Португалија блеска во квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на тренерот Роберто Мартинез го зачуваа максималниот учинок во квалификациите за ЕП 2024, откако пред своите гледачи ја демолираа селекцијата на Луксембург со резултат 9:0.

Tие ја остварија една од најубедливите победи во историјата без првата ѕвезда на репрезентацијата – Кристијано Роналдо.

Имено, Кристијано Роналдо го пропушти овој натпревар, бидејќи го доби третиот жолт картон во квалификациите во петочната победа над Словачка (1:0), па немаше право на настап.

Многу обожаватели сметаат дека отсуството на Кристијано Роналдо е причина за напаѓачката рапсодија на Португалецот.

Сепак, неговите соиграчи не се согласуваат.

Да играше Кристијано Роналдо, резултатот ќе беше ист. Ќе помагаше со головите и асистенциите. Неговото отсуство не е причината зошто победивме со девет разлика“, тврди фудбалерот на Пари Сен Жермен, Данило.

По шест натпревари Португалија има максимални 18 бодови и неверојатна гол разлика 24:0.