МАКЕДОНИЈА БЕЗ УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛЕР ПРОТИВ МАЛТА – Аријан Адеми поради повреда ќе биде надвор од составот

Повратникот во редовите на Динамо Загреб, Аријан Адеми, поради повреда на листот на ногата нема да биде во составот на македонската репрезентација на вечерашниот натпревар од 20:45 часот на гостински терен против Малта во рамки на евроквалификациите.

Аријан Адеми, како што соопшти денеска ФФМ, почувствувал болка веднаш по синоќешниот тренинг на Националниот стадион во Та Кали.

Станува збор за истата повреда поради која Аријан Адеми беше спречен да даде придонес и за натпреварот против Италија“, се наведува во соопштението.

Поради болки во грбот вечерва во македонскиот состав ќе отсуствува и стандардниот голман Столе Димитриевски, а на негово место дополнително беше повикан Дарко Талески