СЛУЧАЈОТ ОД ПОЛСКА ШТО ГО ШОКИРАШЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ – Убиства на деца, инцест и подрум на теророт: Она што било пронајдено во оваа куќа ги остава без зборови сите
Остатоци од тела на три новороденчиња завиткани во пластични кеси се пронајдени во плитки гробници во подрум на една куќа во селото Черники во северна Полска, пишува The Mirror.
Пјотр Герашик (54 г.) и неговата ќерка Паулина Герашик (20 г.) се уапсени под сомнение дека се во инцестуозна врска и дека ги убиле споменатите новороденчиња.
Пјотр Герашик е обвинет за три убиства и инцестуозни врски со неговата ќерка Паулина и уште една ќерка. Паулина Герашик е обвинета за две убиства и инцестуозна врска со нејзиниот татко.
Пјотр Герашик и Паулина Герашик се родители на две од трите убиени деца, а нивната врска наводно била консензуална.
Пјотр Герашик и неговата втора ќерка се родители на нивното трето дете. Таа негова ќерка останала бремена откако ја принудил на секс. Обвинителите се сомневаат дека тој го убил третото од новороденче.
Откако неговата сопруга починала пред околу 15 години, Пјотр Герашик се преселил во Черники да се грижи за своите деца.
„Таткото остана сам со децата. Ги имаше многу, 10 или 12. Најстарите веќе беа отселени. Пјотр Герашик остави добар впечаток. Дворот беше неуреден, но постави нови прозорци. Немаше индиции дека конзумирал алкохол. Ги носеше децата на прошетки и во шума да берат печурки. Тие беа обични луѓе. Кој би помислил дека такви ѕверства се случуваат во нивниот дом“, вели еден жител на селото Черники за тамошните медиуми.
Една од пријателките на Паулина Герашик се посомневала дека таа е бремена бидејќи почнала да носи поширока, поголема облека. Паулина Герашик во еден момент земала три недели одмор од работа, но по една недела се вратила на работа.
„Сите мислевме дека е бремена. Мислам дека врза појас околу половината. Направила импровизиран корсет. Кога се вратила од одмор, било јасно дека нешто се променило. Беше послаба и постојано уморна. Кога ја прашавме за детето, таа се правеше дека не знае ништо за тоа и измислуваше сè“, изјавила една вработена во продавницата во која работела Паулина Герашик.
Една од колешките на Паулина Герашик рекла дека ја пријавила на социјалните служби откако ги видела вознемирувачките пораки што му ги испраќала на нејзиниот татко.
Во моментов се врши обдукција на посмртните останки на новороденчињата. Полицијата ја претресува куќата во која живееле овие монструми од луѓе.