ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА НА БУБРЕГ БИЛА НЕУСПЕШНА !? Конечно се огласи Кремљ по гласините дека Рамзан Кадиров е мртов

Кремљ во понеделникот соопшти дека нема информации за здравствената состојба на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на прашањето за извештаите на социјалните мрежи дека 46-годишникот е тешко болен. Покрај тоа, се појавија непроверени гласини дека Рамзан Кадиров е мртов.

Портпаролите на Рамзан Кадиров не одговорија на повеќекратните телефонски повици за ова прашање упатени од странските медиумски агенции.

Според некои гласини, Рамзан Кадиров лежи во болница во Москва по неуспешната трансплантација на бубрег.

Немаме информации за тоа“, им кажа на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во секој случај, претседателската администрација тешко може да издаде здравствени уверенија, така што немаме што да ви кажеме за тоа“, нагласува тој.

Портпаролот на украинската тајна служба минатата недела изјави дека здравствената состојба на Рамзан Кадиров е влошена и дека е сериозна.

Во неделата, Рамзан Кадиров објави видео на својот профил на социјалната мрежа Телеграм во кое се насмевнува и зборува пред камерата, очигледно со цел да ги побие гласините за неговото здравје.