СЛУЧАЈОТ ШТО ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ – ‘Се вратил од мртвите’ и по две години тропнал на семејната врата! Пријавиле дека починал од Ковид-19, болницата му го предала телото на семејството, но….

Човекот кој „починал“ од вирусот Ковид-19 во болница во градот Гуџарат, Индија се вратил дома по цели две години, а семејството тогаш дознало дека тој е жив.

Членовите на семејството на Камлеш Патидар (35 г.) биле изненадени во саботата кога човекот тропнал на вратата од куќата на неговата мајка во селото Кародкала околу 06:00 часот наутро по локално време, речиси две години откако ги извршиле ритуалите пред погребот, пишува Hindustan Times повикувајќи се на информации од семејството.

Камлеш Патидар се разболел за време на вториот бран на вирусот Ковид-19. Тој бил примен во болница, а подоцна докторите констатирале смрт. Откако болницата го предала „телото“, членовите на семејството ги извршиле последните обреди, тврди за тамошните новинари неговиот братучед, Мукеш Патидар.

Тој сега се врати дома, но не откри ништо за тоа каде се наоѓал во тој период“, вели роднината за споменатиот весник.

Одговорниот на полициската станица во Канван, Рам Синг Раторе, кажал дека според членовите на семејството, Камлеш Патидар боледувал од инфекција со вирусот Ковид-19 во 2021 година и бил примен во болница во Гуџарат.

Докторите констатирале дека е мртов поради инфекција со Ковид-19, по што членовите на семејството ги извршиле последните обреди на телото дадени од болницата, а потоа се вратиле во нивното село“, вели одговорниот,

Членовите на семејството дознале дека е жив кога се вратил дома во саботата“, тврди тој.

Работата ќе биде јасна по преземањето на изјавата на Камлеш Патидар“, вели претставникот за споменатиот весник.