НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ – Жена две години трпела ужасни болки, а магнетната резонанца открила вистински ужас: “Докторите никогаш не го виделе ова претходно!“

На жена од австралиската држава Нов Јужен Велс и е отстранет жив црв долг осум сантиметри од мозокот, откако две години страдала од различни здравствени проблеми, соопштиле докторите од Одделот за заразни болести во болницата во Канбера, пренесуваат тамошните медиуми.

Ophidascaris robertsi“ е кружен црв кој најверојатно на нејзиното тело го пренел паразит.

Неврохирургот Хари Прија Банди од главата на пациентката извадил долг паразитски кружен црв, по што ги повикал колегите да ги праша за совет што да прави понатаму, пишува The Guardian.

Пациентката, на возраст од 64 години, прв пат била примена во болница на крајот на јануари 2021 година, откако со недели страдала од абдоминални болки и дијареа придружени со постојана сува кашлица, треска и ноќно потење. До крајот на годината нејзините симптоми вклучувале заборавеност и депресија, што довело до тоа да биде хоспитализирана во Канбера.

Магнетната резонанца открила абнормалности кои бараат операција. Изненадувачкото откритие поттикнал тим од болницата да се соберат за да откријат за каков вид на кружен црв се работи и, што е најважно, да одлучат каков понатамошен третман би можело да и треба на пациентката.

Пациентката во болницата во Канбера е првата личност во светот кај која е пронајден овој паразит. Докторите велат дека вакво откритие се случува еднаш во кариерата. Закрепнувањето на пациентката засега оди добро, а нејзината состојба редовно се следи.