ВИДЕО| Се запали возило на итната помош во Куманово при транспорт на пациент

Возило на Итната помош на Здравствениот дом во Куманово утринава се запалило во кумановска населба додека пренесувало пациент.

Во видео објавено на фејсбук-страницата на „Лајм“ се гледа како од предниот дел на возилото излегува чад, а неколку лица го гаснат. На местото е пристигната и противпожарна екипа кои интервенирале во гаснењето.

Според очевидци, во запаленото возило нема повредени лица, а во него биле само возачот и пациентот.

Повеќе информации околу причините за запалувањето на возилото се очекуваат во текот на денот.

Видеото погледнете го овде, на Фејсбук страницата на Лајм.