Слушајте си го телото: Пет знаци дека ви недостасува магнезиум

Магнезиумот е еден од клучните минерали вклучени во стотици функции во нашето тело. Во случај на недостаток на овој минерал, ќе се појават одредени несакани ефекти.

Ова се пет знаци дека можеби имате недостаток на магнезиум.

Гадење или повраќање

Ако на телото му недостасува магнезиум, може да се појави гадење или дури и повраќање, а тоа е затоа што овој минерал е вклучен и во извршувањето на одредени функции на мозокот.

„Нашите гастроинтестинални нерви можеби не работат правилно, а тоа може да доведе до гадење“, објаснува нутриционистот Дејна Елис Ханес.

Таа додава дека повраќањето често е несакан ефект на мачнината, а повраќањето предизвикува уште повеќе губење на магнезиум.

Губење на апетит

Недостатокот на магнезиум може да влијае и на вашиот апетит. Ова може да биде директен резултат на гадењето, според Ханес.

Меѓутоа, недостатокот на магнезиум може да влијае и на нервите на таков начин што нервите поврзани со чувството на глад работат помалку ефикасно.

Недостаток на енергија

Магнезиумот игра важна улога во клеточниот метаболизам – процес со кој хранливите материи се претвораат во енергија.

„Доколку имаме малку магнезиум, стануваме помалку ефикасни“, објаснува Хунес, наведувајќи дека тоа може да доведе до чувство на слабост, тромост и замор.

Вкочанетост

Вкочанетоста или пецкањето во екстремитетите е еден од посериозните знаци на недостаток на магнезиум. Тешкотиите со чувството во рацете или нозете или пецкањето може да бидат резултат на ниските нивоа на магнезиум.

Грчеви

Грчеви може да настанат поради нерамнотежа на електролитните минерали како магнезиум, како и натриум, калиум или калциум, пишува Live strong.

Грчеви, исто така, може да се појават кога ниските нивоа на магнезиум предизвикуваат откажување на нервите во телото, предизвикувајќи мускулите да се контрахираат и да предизвикаат грчеви“, вели Ханес.