Слушај ме кога ти зборувам! Хит видео од тренингот на Денвер! Јокиќ во улога на тренер – црташе на табла, и им викаше на играчите! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс имаа отворен тренинг во „Бал арената“, а навивачите кои дојдоа во голем број можеа само да уживаат.

Многу се смееше, се играше „пет на пет“, а во улога на тренер се најде српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Играа „сини“ против „бели“. Во тимот на „сините“ играа Џексон, Гилеспи, Холидеј, Наѓ и Џаморко Пикет, додека тренери беа Никола Јокиќ и Ерон Гордон.

На другата страна играа Стротер, Тајсон, Вотсон, Браима и Џејлен Пикет, а тренери на „белите“ беа Џамал ​​Мареј и Кентавиус Колдвел-Поуп.