ИРАНЦИТЕ ОТКРИВААТ ШТО ЌЕ НАПРАВААТ АКО ИЗРАЕЛ ВЛЕЗЕ во ГАЗА: Ако се случи ова, ЌЕ НАПАДАТ – еве што велат за Палестинците

Иранските вооружени сили нема да интервенираат доколку Израел започне копнена операција во Газа, туку само доколку Тел Авив ја нападне територијата на Иран , „неговите интереси или граѓани“, објави постојаната мисија на Иран во ОН.

Иранците најавија дека „палестинскиот фронт на отпорот може да се одбрани “.

– Иранските вооружени сили нема да бидат вклучени, под услов израелскиот апартхејд да не се осмели да го нападне Иран , неговите интереси и граѓани. Фронтот на отпорот може да се одбрани – одговорија од постојаната мисија на Иран.

Утрото на 7 октомври, Израел беше подложен на ракетен напад од Појасот Газа . Покрај тоа, по масовните ракетни напади, борците на Хамас навлегоа во пограничните области во јужен Израел .

Како одговор, израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата Железни мечеви против Хамас во Појасот Газа. Неколку дена по нападот, израелската армија ја презеде контролата врз сите населени места во близина на границата со Газа и почна да изведува воздушни напади врз цели во појасот.

Бројот на жртвите во Појасот Газа надмина 2 илјади луѓе, а бројот на загинатите израелски жители надмина илјада, неколку илјади Израелци и Палестинци се повредени. Според различни извори, Хамас можеби држи во заробеништво околу 150 Израелци.