индикатот на Медиумски Информативни Агенции (СМИА) го потсетува премиерот Димитар Ковачевски на ветувањето дадено во неодамнешното интервју за Медиумската информативна агенција (МИА) дека барањето за зголемување на платите на вработените ќе биде ставено на дневен ред на владина седница.
-Во интервјуто дадено на 6 август, премиерот нагласува дека исклучително ја цени улогата и значењето на државната МИА и дека очекува прашањето за усогласувањето на платите на вработените да се реши брзо, на некоја од наредните владини седници. Од тие причини, бараме на следната седница, Владата да ја разгледа и и да ја усвои точката за зголемување на бодот и дополнително да се усогласи со покачувањето според Општиот колективен договор (ОКД), наведува во соопштение СМИА.
Барањето на менаџментот на МИА е покачувањето на бодот да биде 16,7 проценти, а синдикатот бара зголемување за 30 проценти како што тоа е направено во Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Царината…. Ваквото барање, посочува синдикатот, се темели на фактот што поради потпросечните плати, Агенцијата се соочува со одлив на кадар.
Синдикатот потсетува дека за барањето не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на државата бидејќи средствата се обезбедени во Буџетот на МИА.
-Како Агенција која еден дел од средствата ги обезбедува од Буџетот, а согласно потпишаниот Општ колективен договор за јавен сектор, Би сакале да потсетиме и на одредбите од ОКД дека за вработените во јавниот сектор во септември ќе има зголемување на платите за 10 проценти, посочуваат од СМИА.