Доколку на овој пијалок додадете храна како здрави семки или зачини, ќе добиете вистинска „хранлива бомба“.
Смути е здрав суперпијалок направен од сирово овошје и зеленчук, а со оглед на тоа што состојките се необработени, тие ја задржуваат сета своја хранлива вредност.
Ако додадете храна како што се здрави семиња (чиа, лен) или зачини (ѓумбир, куркума, цимет) на овој пијалок од портокал и јагода , ќе добиете вистинска „хранлива бомба“.
Ваквото смути не само што ќе ви даде енергија и ќе ви го подигне расположението за почеток на денот, туку со него ќе внесете многу состојки неопходни за здравјето во вашиот организам.
Неопходно е:
• 2,5 dcl свеж природен сок од портокал
• 1 dcl вода
• половина шолја магдонос
• шолја спанаќ
• 2 банани
• шолја јагоди, боровинки или други бобинки (може и да се замрзнат)
Подготовка
Сите состојки се ставаат во блендер и се матат додека не се добие мазна, хомогена смеса. По желба додадете вода за да не биде многу густ сокот.