Жолтото предупредување за мраз е на сила речиси во цела Холандија, а поради мразот е зголемен бројот на сообраќајни несреќи кои резултираат со жртви.
Генералниот директорат за јавни работи и водостопанство на холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство соопшти дека заклучно со синоќа на повеќе од 12.200 километри патишта низ земјата се посипани околу 882.000 килограми сол.
Во три сообраќајни несреќи кај Розендал и Гауда, кои се случија поради замрзната состојба на патот, три лица загинаа, а неколку други се повредени, пишува NL Times.
Едно лице загина, а неколку други се повредени во петокот вечерта во сообраќајна несреќа на повеќе возила на А58 во близина на Рукфен во Северен Брабант, потврдија властите.
Во друга сообраќајна несреќа во градот Гауди едно лице загина, а две се повредени, кога автомобилот излетал од патот и паднал во водата.
Само десет километри северно од таму, друг автомобил слета во водата во градот Бодегравен, но не се знае дали има повредени.
Полицијата во Гелдерланд соопшти дека 72-годишна жена била убиена во холандската провинција Гелдерланд кога нејзиниот автомобил удрил во дрво и се превртел.