Снегот ја парализира Москва: Откриено како Путин стигнал на работа (фото/видео)

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин дошол во неговиот кабинет и покрај неповолните временски услови.

Како што наведе, Путин пристигнал на работа пред снегот да почне континуирано да паѓа и „пред да започне целосниот колапс“.

Песков рече дека „патувањето на Путин до работа не беше толку тешко како што беше за другите жители на Москва утринава“.

„Зима доаѓа секоја година, а снег паѓа секоја година. Значи, ништо необично не се случи“, рече Песков.

Тој не прецизираше во кое време Путин пристигнал во Кремљ, ниту која рута ја користел, бидејќи се работи за многу доверливи информации.

Путин, рече Песков, утрово бил информиран за времето во руските региони – на Крим, Севастопол, Краснодарската територија и на Далечниот исток. Песков рече дека патувањето на Путин во јужните руски региони погодени од невремето сè уште не е неопходно.Путин, Шојгу, Сибир

„Но, знаете дека претседателот е секогаш подготвен“, додаде Песков.

Песков истакна и дека и денеска не му било лесно да стигне на работа, но додаде дека ниту еден од работниците во Кремљ не доцнел и дека сите пристигнале на време.Москва, снег

Во исто време, директорот на Хидрометеоролошкиот центар на Русија, Роман Вилфанд, нагласи дека вакви „ненормални снежни врнежи“ во Москва немало од 1977 година.

Да потсетиме дека невремето на Крим однесе најмалку еден живот, а Сочи беше погоден од ураганот, каде беа поплавени бројни згради.