Снег на Попова Шапка, Куманово, Берово, Стража и Пресека, магла кај Кичево

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег, со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, а во Куманово, Берово и на планинските премини Стража и Пресека се бележат послаби врнежи од дожд и снег. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Кичево, информира АМСМ во утронскиот извештај за состојба на патиштата. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување  зимска опрема во возилата.