Снег ја парализира Анкара средe април: Најавени онредни мерки најавени, училиштата затворени, цел град мирува! (ВИДЕО)

Во главниот град на Турција од утрово паѓа снег, што не е вообичаено за овој период од годината.

Гувернерот на Анкара, Васип Саин, вчера најави дека сите образовни институции во турската престолнина денеска ќе бидат затворени поради очекуваните временски услови.

Според неговата објава, прогнозите укажуваат дека снегот ќе почне да паѓа во раните утрински часови и ќе продолжи до пладне, со можни акумулации и до 15 сантиметри во некои делови од градот.

Најавени се и удари на ветер од 40 до 60 километри на час.

„За да ги заштитиме нашите деца од можни неповолни услови, беше одлучено да се прекине наставата во сите јавни и приватни образовни институции, како и во сите образовни центри кои се под надлежност на нашата гувернерка“, рече Шаин.